Скопската градска болница распиша оглас: Вработува 60 медицински сестри

Градската болница 8-ми септември распиша оглас за вработување на 60 медицински сестри. Кандидатите потребно е да ги исполнуваат условите предвидени во Законот за здравственa заштита.

Врз основа на член 156, 157. 158, 159, 160 од Законот за здравствената заштита (Сл. весник на Република Македонија бр. 43/12, 145/12, 87/13, 39/14, 43/14, 10/15, 154/15, 192/15. 17/16 и 37/16), Согласноста за вработување од Министерството за финансии бр. 187093/2 од 04. 08. 2017 година, Одлука за објавување на јавен оглас бр. 034743/2 од 22. 11. 2017 година од В. Д. директор на ЈЗУ Градска општа болница „8ми Септември" - Скопје објавува
 
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 60 (шеесет) медицински сестри на неопределено време

1. ЈЗУ Градска општа болница „8ми Септември" - Скопје има потреба за вработување на:
- 60 (шеесет) медицински сестри на неопределено време.

2. Кандидатите треба Да ги исполнуваат општите услови предвидени со Законот за здравствената заштита
-да е државјанин на РМ,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност и
-да не му е изречена правосилна забрана на вршење на професија, дејност или должност.

3. Покрај со закон утврдени општи услови кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- Завршено средно медицинско образование - медицинска сестра (ССС -IV степен),
- Положен стручен испит и
- со и без работно искуство.

4. Работно време од 40 часа неделно во смени и основна нето плата:
- изнесува 17. 620, 00 денари.

5. Во прилог на пријавата кандидатите се должни да ги достават следните документн:
- пријава со податоци за контакт
- кратка биографија (CV)
- Доказ за завршено Средно медицинско училиште (СМУ) за медицинска сестра и тоа Сведителствата од сите 4 (четири) години во кое е наведен успехот што е постигнат во СМУ за секоја година посебно (оригинал или копија заверена кај нотар),
- доказ за положен стручен испит (оригинал или копија заверена кај нотар),
- доказ за работно искуство (оригинал или копија заверена кај нотар),
- Лекарско уверение за општа здравствена способност, не постаро од 6 месеци (оригинал или копија заверена кај нотар),
- Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена кај нотар),
- Уверение дека не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци оригинал или копија заверена кај нотар).

6. Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето.

7. Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидати.

8. По извршената селекција на пријавените кандидати за медицински сестри кои ги исполнуваат условите согласно јавниот оглас, ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствената заштита.

9. Пријавата со целокупната потребна документација и телефон за контакт, да се достават до ЈЗУ Градска општа болница „8ми Септември" - Скопје ул. „Париска" ББ, по пошта или во архивата на ЈЗУ Градска општа болница „8ми Септември" Скопје, а со назнака за Јавен оглас за вработување.

ЈЗУ Градска општа болница „8ми Септември" -
Скопје