Скопска снежна „идила“: Преполни автобуси, такси нема ни за лек...

Временската прогноза за денеска очигледно се исполнува. Во моментов во Скопје врне снег, а освен во главниот град снег речиси има низ целата држава.

Утринската температура во Скопје ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до минус еден степен.

Штом падне снег почнуваат маките на скопјани.

Преполни автобуси...Да влезеш не ти паѓа на памет..

Викаш такси и по 100-ти пат слушаш: „Во моментов немаме слободна кола“.

Си размислуваш: „Да излезам да пешачам на чист воздух оф не мразам снег, односно го сакам само кога сум на планина“.

И на секои 5 минути стискаш „refresh“ на AccuWeather, „Aman, до кога ќе вее?“.

Нервозни возачи, тргни-застани, прскање на пешаците, па, кој ќе мисли сега на нив.

И на крајот ти светнува дека време е да си направиш една фотка со капа, шалче во идиличната снежна скопска убавина...Доцнењето сите ќе го разберат бидејќи надвор врне снег.