Скопска реалност: Го поклопила бандера на Рузвелтова – нема кој да направи проценка на штетата!

"Си возиш по скопска улица (Рузвелтова) во колона и врз шофершајбна ти паѓа бандера сосе кабли. Ајде страв, стрес, ситни посекотини од стаклото ќе ги занемариме. Едвај излегуваш од кола и сфаќаш дека автобус на ЈСП ги повлекол кабелот и бандерата, ги откорнал, ама таа не паднала само врз мојата кола туку и врз уште една до мене. Увид полиција, ЈСП, ЕВН, ТЕЛЕОПЕРАТОРИ… Се е чисто и ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА, а осигурано возилото на ЈСП, треба да ја процени штетата. Арно ама за проценката на г-н Диме му требаа 16 дена. Ајде Македонче нели учени сме на ваква ажурност и невидена брзина. Е сега требало да се причека уште недела (сигурно и повеќе) за да видат дали ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА или некој друг треба да ја исплати штетата. Во меѓувреме баш ги заболе што јас не можам да ја возам колата ниту да ја оправам пошто можда некој трет ќе треба наново да прави процена, а како што стојат работиве се ќе оди на СУД" – напиша еден жител на Скопје на Ѕидот на сообраќајниот срам.