Слики кои веќе ни се секојдневие, но не влијаат на еколошкото освестување.
Овој контејнер во Расадник е само еден од многуте слични примери на оставање смет, без размислување дека истиот после може да биде растурен на поголема површина.
Според граѓаните од тој дел на Скопје, има и друг контејнер, но механизмот за ножно отворање не работи, само рачниот, па поедноставно, очигледно, е да се остави ѓубрето од домаќинствата покрај преполн контејнер, наместо да се фрли во другиот и потоа да се дезинфицираат рацете - знаејќи дека сите веќе поседуваме такви средства поради состојбата со коронавирусот.
Веќе е излишно да се прашува кога ќе се освестиме и ќе бидеме поодговорни кон околината во која живееме, бидејќи токму овој контејнер е директна глетка од повеќе тераси во околните згради и е сè, освен пријатна.