Скопска летна шема: Едни џогираат, други се сончаат (фото)

Фитнес инструкторите се категорични дека убави летни тела се прават во зима, но за скопјани не важи тоа.

Џогирање и вежбање на кејот на реката Вардар, планината Водно, возењето велосипеди и ролери се дел од рекреативните активностите на скопјани кои сакаат да го извајаат своето тело за летните месеци.

Справите кои се поставени на кејот на Вардар и кои можат да ги користат сите граѓани бесплатно овој период од раните утрински часови се до доцна навечер се преполни.

- Доаѓам секое утро околу 8 часот, бидејќи попладне се случува справите да се преполни, па да се чека на ред за да се вежба. Справите се одлични  и е многу поубаво  да вежбаш на отворео отколку  во затворена теретана каде што нема воздух, вели Дејан кој секојдневно доаѓа на кејот.

Исто така планината Водно исто така е една од омилените дестинации за рекреација во Скопје, па тука можат да се забележат граѓани од 7 до 77 години. Некои планината ја искачуваат со пешачење, планинарите се движат по дивите патеки во шумата, други со велосипеди, а оние мрзеливите со автомобил.

Ова е единственото чисто место кое го имаме во Скопје и треба сите да го чуваме, а не со возила да го загадуваме.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.