Skopjeinfo.mk има нов и модерен изглед

По речиси четири години постоење веб порталот Скопјеинфо доаѓа во нова (трета) верзија.

Вистинско време беше Азбуката на градот да добие нов, модерен и современ изглед. Покрај изгледот значајно подобрување е направено и во содржината, квалитетот на информации, објективноста и сеопфатноста. Веб страната има модерен дизајн и корисни содржини до кои лесно се пристапува од компјутер, таблет или мобилен телефон.

На самиот почеток ентузијастички и искрено копнеевме Скопјеинфо да стане омилена страна на скопските шмизли и фраери, сонувачите, реалистите, носталгичарите. Денес сме сигурни – дека Скопјеинфо е дневна, утринска и секојдневна навика на сите Скопјани.

Sирнете, разгледајте и раскажете некоја приказна за Скопје. Ајде заедно да ја напишеме Азбуката на главниот град.

Во јануари следната година Скопјеинфо прави четири години во интернет просторот.

„Во изминатиот период раскажавме илјадници приказни за главниот град.   Денес е време да започнеме едно ново, проширено поглавје. Ново и многу помодерно. Се надеваме дека истото ќе биде интересно и корисно за читателите“. – изјави Димитар Блажевски, еден од уредниците по повод новиот изглед на Скопјеинфо.