Скопје1: Украдена и оштетена новогодишна декорација на плоштадот „Македонија“

Само една недела откако беше украсен плоштадот Македонија во Скопје, дел од новогодишната декорација веќе е оштетена и украдена, објави Скопје 1.

Од просторот на плоштадот е украдена една елка, додека целосно е уништена макета – адвент-календар, поставен како дел од празничното уредување на центарот на градот.

Засега нема официјална информација дали случајот е пријавен и дали ќе има истрага за утврдување на одговорност.