Скопје ЗОО ќе добие шумска патека

Учениците од средното училиште "Ѓеорги Димитров" заедно со вработените од скопската зоолошка градина ја започнаа изградбата на шумската патека.

Ова катче ќе понуди интересни содржини за едукација на најмладите во поглед на сите инсекти, животни и растенија кои може да се сретнат во македонските шуми.