Скопје задушено од згради

Скопје се гуши од згради при чија изградба се рушат сите стандарди што пропишуваат минимум услови за хумано живеење. 

Многу се гради и многу се заработува на сметка на јавниот простор во главниот град, во зградите ќе нема кој да живее оти не се очекува толкав пораст на население, во урбанистичките планови се импровизира со нагли решенија, отсуствува сериозна стратегија за развој и изградба на Градот, предупредуваат урбанистите.

Низ центарот на многу места се гледа несоодветно растојание меѓу две соседни згради, па балконите се речиси залепени еден до друг, исто како и прозорите на собите. 

Според последните податоците на Народната банка (НБРМ) покажуваат дека вредноста на овој вид недвижности во периодот јули – септември 2018 година достигнала минимален годишен раст од 0,1%.

Ова е минимално зголемување во споредба со забележаните 5,3% во вториот квартал, но сосема доволно за да се заклучи дека цената на становите во Скопје расте во текот на целата 2018 година. Покрај зголемувањето од страната на понудата на нови станови, во најновиот Квартален извештај се наведува дека расте и побарувачката за овие недвижности.

 Цената на живеалиштата во главниот град е мерена преку хедоничкиот индекс на цените на становите, кој од страна на НБРМ се изготвува врз основа на огласите за продажба на станови во главниот град што се објавени од агенциите за промет на недвижности.