Скопје vs. Приштина: Мерки против загадувањето (фото)

По надминувањето на дефинираниот праг на алармирање од 200 µг/м3 во вторникот повторно беа воведени вонредните мерки за намалување на аерозагадувањето, а веќе вчера беа укинати.

Дел од мерките е и бесплатниот јавен превоз во Град Скопје кој од вчера од 20 часот е повторно укинат.

И покрај расчистувањето на воздухот, од Град Скопје апелираат до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, а за затоплување на домовите да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци.Но, сепак скопските улици се преполни со автомобили.

Додека во Приштина против аерозагадувањето беше воведена мерката пар-непар, улиците беа празни откако се воспостави забраната за автомобили во центарот 

Фото: Центарот на Приштина