Скопје „врие“ - 6333 активни случаи, рестрикциите и понатаму исти

Главниот град и понатаму со најголем број активни случаи, а веднаш по него се Прилеп и Куманово. Расте бројот на новозаразени и во Кавадарци и Штип.

Како што изјави на прес-конференција министерот Венко Филипче, истите рестриктивни мерки важат и понатаму, но активно ќе се следи епидемиолошката состојба и доколку има потреба, од следната недела ќе има нивно засилување. 

Според денешната статистика, вака изгледа дистрибуцијата на позитивни лица по градови од почетокот на панедмијата, споредено со моментално активните случаи:

Скопје 51090, активни 6333
Прилеп 6254, активни 866
Куманово 6058, активни 437
Тетово 5863, активни 396
Гостивар 4137, активни 333
Кавадарци 3954, активни 684
Штип 3885, активни 228
Велес 3842, активни 365
Битола 3802, активни 364
Охрид 3655, активни 488
Струмица 2962, активни 232
Струга 2538, активни 169
Кочани 2014, активни 170
Кичево 1845, активни 64
Неготино 1654, активни 437
Гевгелија 1532, активни 300
Свети Николе 1156, активни 43
Крива Паланка 989, активни 136
Ресен 899, активни 100
Дебар 807, активни 13
Радовиш 802, активни 58
Делчево 780, активни 58
Берово 721, активни 70
Пробиштип 609, активни 56
Виница 543, активни 22
Валандово 428, активни 56
Крушево 387, активни 119
Богданци 350, активни 63
Кратово 303, активни 22
Демир Хисар 303, активни 38
Демир Капија 302, активни 69
Македонски Брод 261, активни 9
Пехчево 201, активни 13
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 102, активни 6