Скопје во новогодишна шопинг треска

Речиси на секоја продавница низ Скопје пишува дека има попуст. Тоа е традиција секоја година, новогодишен попуст. Така е и оваа. 

Самите натписи дека има попусти ги наполнија продавниците. Градот живее во духот на новогодишните празници. Најмногу се троши на телефони, телевизори, компјутери но и на облека.

-Ми се расипа телефонот пред еден месец. Чекав да ги намалат цените, бидејќи знам дека секогаш пред Нова година има попуст. Го најдов сега оној кој ми се допаѓа и со попуст ми излезе 3.000 денари помалку, вели Никола од Скопје. 

И продавниците за градероба се полни од купувачи, овие неколку дена. 

-Се спремаат луѓето за дочек на Нова година. Имаме работа, за викенд ќе работиме и прекувремено, а исто и на 31. Праксата поажува дека скопјани се спремаат во последен момент. Имаме и попусти на одредени работи, вели вработена во скопски бутик. 

Мала прошетка низ трговските центри и ќе забележите дека многу бутици за Нова Година ги спуштија цените. 

-Нормално е луѓето повеќе да се потрошат за Нова година. Јас не купувам ништо посебно, но морам на децата да им земам некој подарок, пакетче. Тие се радуваат, вели Наташа.