Скопје во ноември дошле да го видат 12 отсто повеќе туристи отколку истиот месец лани

Државниот завод за статистика покажа дека е зголемен бројот на туристи што го посетиле Скопје овој ноември, споредено со истиот месец во 2017 година. 2018 во главниот град дошле 12 проценти повеќе туристи.


Зголемен е и бројот на ноќевања, за околу 9 отсто. Во бројки овие проценти покажуваат дека во ноември бројот на туристи изнесувал 56948, а бројот на ноќевањата 126373.

Бројот на домашни туристи е зголемен за 16 проценти, а бројот на странски туристи за 9,8 проценти.

И кај ноќевањата, поголемо зголемување има кај ноќевањата на домашните туристи отколку кај ноќевањата на странските туристи.

Во периодот јануари − ноември лани во однос на истиот период 2017 година, бројот на туристи е зголемен за 13 проценти, а бројот на ноќевањата за 14,7 проценти.