Скопје во 2016 година: Нови велосипедски и пешачки патеки на кејот на Вардар

Бенефитот од рекреативното спортување е голем и разноврсен. Прво се подобрува општата здравствена состојба на организмот. Се регулира притисокот шеќерот во крвта, потоа работата на срцето, се подобрува метаболизмот, се подобрува снабденоста на мозокот со хранливи материи, а со самото тоа и се зголемува концентрацијата и успешноста во работењето и уште многу други здравствени и телесни функции.

Народот вели дека спортот е половина здравје, а скопјани оваа изрека се повеќе ја спроведуваат на дело. Џогирање и вежбање на кејот на реката Вардар е една од активностите кои што бележат секојдневно зголемен тренд и популарност.

Во предлог буџетот за 2016 година Градот Скопје помеѓу другите проекти има предвидено и изградба и реконструкција на кејот на реката Вардар преку изградба и реконструкција ролерски, велосипедски, трим патеки. Во буџетот за спортистите предвидено е изградба на нов пешачки мост.