Скопје Винил Конвенција на 1.октомври во МКЦ

Работилници, перформанси, изложување и размена на плочи, дружби и искуства и многу музика, ќе бидат дел од настанот посветен на пасијата анречена винил. 

Оваа година по шести пат се случува Скопје Винил Конвенција, на 1.октомври во Младинскиот Културен Центар, а како и секоја година бројот на изведувачи и продавници за винили расте. Настанот е во насока на промовирање и унапредување на винил-културата и музиката воопшто.

„Главни ѕвезди ќе бидат:

-магионичарот на 45-ки Fonki Cheff од Шпанија

-Robert Smith (Германија), човекот со 4 раце и

-Naughty NMX (Германија), дечкото што од класика прави денс.

Исто толку важни се и локалните суперхерои што оваа година ги има повеќе од 30, секој со различен стил, вкус и начин на пуштање плочи. Тоа што може да ви гарантираме за нашите артисти е дека нема да ви биде досадно ни минута на подиумот“, информираа од МКЦ на официјалната Фејсбук страница. 

Додаваат дека доколку сте љубители на плочи што сакате да ги слушате интимно, тука се и локалните, а годинава и регионални плочари, кои ќе понудат разновиден спектар на плочи што задоволуваат и најспецифичен вкус.

На конвенцијата воедно ќе може да се купите лимитираното реиздание на Vinyl Box Set-от САФ – САФИЗАМ.