Скопје вечерва „поцрне“ од загаденост

Црно и високо ниво на загаденост денес регистираат мерните станици на Министерството за животна средина. Најкритична е состојбата вечерва во населбата Лисиче каде концентрацијата на ПМ честитчки вечерва е далеку над нормалните вредности. Веднаш по Лисиче на листата на најзагадени локации си Центар и Ректорат. Тетово, Струмица и Кичево се најзагадени општини надвор од метрополата. 

Загрижувачки пост со екстремно високи вредности на загаденост вечерва на својот фејсбук профил објави поранешниот советник во општина Аеродром, Дејан Митевски. Во неговиот пост се гледа дека загаденоста во Лисиче вечерва достигнала и до 472 мг/м3. Тој напиша: Ова е  тоа што го викате #Блескаме? Стварно #НаПравПат сме, прво место. Браво Златко Марин и Петре Шилегов

Скопје вечерва е трет на листата на најзагадени градови, веднаш по Бангладеш и Киргистан. Граѓаните изминатите денови реагираат на неподсливата миризба која се шири низ градот и воздухот кој е тежок за дишење.