Скопје утрово седми најзагаден град во светот

Утринава Скопје е седми најзагаден град во светот.

На ова место е рангиран на листата на специјализираната страница за аерозагадување „airvizual“ и е во друштво на градови од Индија, Пакистан, Бангладеш и Кувајт.

Најзагадено во овој момнет во светот е Делхи во Индија.

Во земјава пак податоците покажуваат дека токму сега е најзагадено во Куманово и Кавадарци, додека над 100 ПМ10 честиците се во Битола, Карпош , Бутел и Ректорат.