Скопје, утрово четврти загаден град во светот

Ова утро Скопје се најде на четвртото место на листата најзагадени градови во светот, според специјализираната интернет страница за мерење на загадениот воздух „airvisual“.

На врвот е градот Делхи во Индија а пред нас на второ и трето место се Лахоре во Пакистан и Бејлинг во Кина.

Сепак, не е само Скопје загаден град. Во текот на ноќта, но и утрово мерните станици покажуваат дека се гушат и други македонски градови во канцероген отров.

Загадено е во Гостивар но и Струмица и Тетово.