Skopje Undercity Festival

Скопје Undercity Festival е уникатно и ексклузивно музичко доживување. Младинскиот Културен Центар со својот специфичен распоред нуди еднинствена можност за паралено случување на две одделни забави во иста вечер на два посебни подиуми, а со иста влезница. На два различни музички подиуми ќе се случуваат забави и настапи на врвни дји. Сабота 7-ми Ноември, бидете таму!

Техно подиум:
ALEXANDER KOWALSKI – Tresor, Berlin
Goran Kan

Транс подиум:
ELECTRIC UNIVERSE – Dacru, Berlin
Bushava Azbuka – Retro set
Satelitte & Navigator back 2 back progressive set

ALEXANDER KOVALSKI е еден од пионерите на техно звуците кој и по 20 години кариера сеуште го држи приматот на интернационалната музичка сцена.
Тој денес е високо респектиран продуцент,дј и ремиксер,и сопственик на издавачката куќа со непогрешлив препознатлив стил и импресивна дискографија. 4 те негови албуми се сметаат за класика во издаваштвото и омилени албуми помеѓу фановите на електронската музика.

Alexander Kowalski припаѓа на германското музичко подземје а живее и работи во Берлин.
Неговите високореспектирани настапи во живо како и исклучителните добро познати дј сетови на 4 грамафони го прават задолжителен гостин на најголемите техно фестивали во светот Time Warp, I Love Techno, Monegros, Creamfields, Nature One, Melt!, SonneMondSterne, Wire Japan and Mayday. Важно е да се напомене дека неговата издавачка куќа  Damage Music Berlin за кратко време се етаблира во една од најважните иновативни тригери на интернационалната музичка сцена со јасна дистинкција помеѓу хаус и техно музиката.

ELECTRIC UNIVERSE е несомнено едно од најлегендарните имиња на транс сцената кое повеќе од 25 години ја диктира музичката транс револуцијата и експанзија. Тоа е едно од најреспекираните имиња со огромна дискографска кариера зад себе која брои неколку албуми и 100 тина синглови помеѓу кој и неговите странични проекти и соработки со многумина артисти од неговата бранша.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на ККЗС по цена од 300 мкд.