Скопје, Тетово и Куманово со најмногу активни случаи на ковид-19, а еве во кои градови има најмалку

Во моментов во Македонија има 12.786 активни случаи на зараза со коронавирусот, од кои повеќе од половина се само во три македонски градови - во главниот град 5761, потоа во Тетово 994 и во Куманово 904. 

Нешто пониски, но и понатаму високи се бројките на заразени во Гостивар, Охрид, Струмица, Струга...

Најмал број на активни случаи има во Пехчево, Дојран и Демир Капија, градови во кои и во претходните бранови овие бројки беа доста ниски. 

Еве како изгледа моменталната состојба на вкупен број на заразени во секој град од почетокот на пандемијата, наспрема бројот на активни случаи:

Куманово 11031, Активни 904
Тетово 10747, Активни 994
Прилеп 8909, Активни 275
Гостивар 7922, Активни 525
Битола 6941, Активни 245
Велес 6037, Активни 284
Охрид 5817, Активни 667
Кавадарци 5744, Активни 195
Струмица 5613, Активни 500
Штип 5562, Активни 238
Кичево 3877, Активни 433
Струга 3755, Активни 638
Кочани 3134, Активни 128

Гевгелија 2355, Активни 73
Неготино 2295, Активни 39
Свети Николе 1824, Активни 105
Ресен 1508, Активни 102
Радовиш 1477, Активни 110
Дебар 1442, Активни 133
Крива Паланка 1350, Активни 51
Берово 1193, Активни 39
Делчево 1108, Активни 65
Виница 1006, Активни 45
Пробиштип 895, Активни 43
Валандово 785, Активни 28
Богданци 543, Активни 19
Кратово 527, Активни 50
Крушево 518, Активни 15
Македонски Брод 461, Активни 31
Демир Хисар 423, Активни 14
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 310, Активни 8
Македонска Каменица 292, Активни 21
Дојран 139, Активни 4