„Скопје, тешко ли е?“ - Во овој словенски град естетски се води сметка за отпадот!

Преполните контејнери низ Скопје веќе не се вест! Жителите се навикнаа да функционираат со таква глетка. Прстот го вперуваат кон „Комунална хигиена“ од каде нередовно се собира отпадот, додека граѓаните немајќи избор го оставаат покрај преполните контејнери! 

За разлика од Скопје, во едно мало гратче во Словенија фасцинантно се организира ова прашање со сметот! 

Скопје, тешко ли е да следи овој пример, праша една твитерџика која ја сподели објавата на Словенка. 

- Низ улиците на мојот мал град во Словенија. И натаму ме фасцинира колку се води сметка за одлагањето на сметот. Беспрекорно и естетски уредено! - гласи објавата со фотографии од самото место.