„Скопје, среќен да ти е денот и да те чуваме повеќе“ - Се нижат честитки за празникот

Скопје денеска слави осум децении и една година од ослободувањето. На 13 ноември 1944 година, Скопје го доживеа своето најважно будење. По години окупација и војна, градот конечно се разбуди — не само како престолнина, туку како симбол на отпорот, достоинството и надежта.  

Со убави желби за конечно вистински напредок, скопјани упатуваат честитки по повод денешниот ден!