Скопје со 245 активни ковид случаи

Во Скопје во текот на изминатите три дена регистрирани се 79 нови ковид случаи и 137 оздравени пациенти. 

Од почетокот на пандемијата во главниот град се заразиле 145 858 лица, а во моментов активни се 245 ковид случаи. 

Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, на починатие 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 578.