Скопје синоќа се задуши: Повеќето општини со загадување над 100, Ректорат го имаше приматот

Повеќе од една недела наназад, од паѓањето на температурите, загадувањето во главниот град константно е на виоко ниво, а за жал таков беше случајот и вчеравечер во Скопје. Речиси сите мерни станици синоќа покажаа загаденост значително над дозволената граница од 50 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, односно во повеќете општини таа беше над 100 околу 22 часот.

Присутството на штетните ПМ 10 честички во Центар беше 130, во Аеродром - Реонски Центар - 147, а највиоко беше кај Ректорат - 163.

Во Гази Баба исто така беше измерено загадување од 131, а вредноста во Ѓорче Петров достигна 112 миркограми ПМ 10 честички на метар кубен.

Она што е уште позагружувачки е фактот дека овие измерени вредности одат уште повисоко во доцните вечерни часови, а и покрај бројните апели, реакции и барање на граѓаните, конкретни акции кои ќе донесат видливи промени и подобрување на состојбата на амбиенталниот воздух се уште нема од надлежните.