Скопје синоќа изгледаше како големо лизгалиште – скопјани гневно реагираат на социјалните мрежи

Снегот повторно успеа да ги изненади градските власти, а Скопје синоќа изгледаше на големо лизгалиште. Граѓаните на Скопје гневно реагираат на социјалните мрежи, обвинувајќи ги градските власти за хаосот по скопските улици и слабата реакции на надлежните институции.

Повеќе од главните булевари во Скопје беа подледени, возилата тешко се движеа, а граѓаните јавуваат за десетина сообраќајни незгоди. На сметка на градските власти и утринава има поплаки од граѓаните, кои на социјалните мрежи се жалат дека не можат да стигнат до своите работни места.

Не е мал и бројот на оние скопјани кои бараат лоцирање на одговорноста за несоодветната реакција при врнежите на снег, кои беа најавени пред повеќе од една седмица.

Во меѓувреме, метереолозите и за денес најавуваат помали врнежи на снег. Според нив, Во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува. Температурата ќе се движи од минус 7 до 3 степени. Во Скопје и околината сличмо време со температура до 1 степен.