Скопје седми најзагаден град во светот

Трети декември, 5 часот. Мерната станица кај Ректорат покажува и повеќе од 5 пати над дозволеното присуство на отровните ПМ10 честички.

Не е подобра ниту ситуацијата во Карпош, каде точно 5 пати повеќе канцерогени честички се регистрирани утрово, кога нема сообраќајна фрекфенција. Трето-рангирана, во 5 часот е Центар, измерени се 4 пати над дозволеното од страшните ПМ10.

Скопје вчеравечер беше на седмото место на листата најзагадени градови во светот, според глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“).

Од Балканот во моментов најзагадена е Приштина која е на третото место, а зад Скопје е Сараево.

Најзагаден град вечерва е Пекинг во Кина, по којшто следи Лахоре во Пакистан.

Претходно, балканските медиуми објавија дека денеска во 14 часот Сараево бил најзагадениот град во светот, според податоците на амбасадите на САД.