Скопје се претвори во една голема депонија

Граѓаните се прашуваат, дали секојднвено треба да доаѓа некој висок претставник од Европа, за Скопје да биде чисто? Кој се грижи за главниот град? 

Скопје, место кој секојдневно го посетуваат туристи, како од дома, така и од странство, а ѓубре има насекаде. 

Скопје, посебно центарот на главниот град на државава се претвори во една голема депонија. Нема агол во градов за кој може да се каже дека е чист, но тоа изгледа е одлика на оваа власт која мисли дека ѓубрето зад неа треба да го чисти некој друг.