Скопје се подготвува за концертот на легендарниот Здравко Чолиќ во март, за Денот на вљубените спектакл ќе има Милица Павловиќ

Големи најави за претстојниот концерт на легендарниот Здравко Чолиќ во Скопје.

Имено тој по шест години се враќа ексклузивно во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар. Концертот е закажан за 19.март во арената „Борис Трајковски“, а билетите се движат од 500 - 4000 денари. 

За претстојниот месец, февруари, за во Скопје е закажан голем концерт на регионалната музичка ѕвезда и една од најпопуларните пејачки на Балканот, Милица Павловиќ. 

- На 14 февруари за Денот на Вљубените публиката ќе има можност да ужива во експлозија од неверојатна енергија и апсолутен аудио-визуелен спектакл, најавуваат организаторите. 

Концертот е закажан за во арената „Борис Трајковски“.