„Скопје се движи безбедно и во зима“ вели Ѓорѓиевски, откако утрово граѓаните се пожалија на хаос

„Снегот не е изненадување во зима - подготвеноста е наша обврска!“ - се огласи градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓориевски. 

Иако скопјани од утрово реагираат за хаосот во сообраќајот на неколку критични локации во градот, првиот човек смирува. 

- Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот.  Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет, порача тој. 

Тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.

- Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа - Скопје се движи безбедно и во зима, дециден е Ѓорѓиевски.