Скопје се чисти од снегот во исчекување на пообилни врнежи (фото)

Сите јавни претпријатија во Скопје вчеравечер беа активни во чистење на снегот и одржување на чисти коловози низ градот.

Градските служби подготвени дежураа на скопските булевари во очекување на нови снежни врнежи. Центарот за контрола и управување на сообраќајот информира за чисти коловози и слободни булевари без сообраќајни несреќи.

Камионите на зимската служба беа на терен за да ги покријат улиците со сол и песок при следните врнежи, а мостовите и црните точки веќе се покриени. 

Се повикуваат учесниците во сообраќајот да внимаваат на условите на патот и да ја прилогадат брзината на своите возила.