Скопје ретро: Кејот и скалите кај Камени мост полни со млади

Нешто повозрасните скопјани се сеќаваат на животот во главниот град во едно многу поинакво време во кое и социјалниот живот и збирните места на младите биле многу поразлични oд сегашните. На социјалните мрежи деновиве со голема брзини се шири слика од кејот на Вардар, во непосредна близина до Камениот мост, каде како што може да се види, целиот простор е полн со млади наместо кафулињата како што е денеска.

- Ова беше едно од збирните места на младите, претежно средношколци, се сеќаваат нашите сограѓани.