Скопје ретро: Бит пазар, некогаш и сега...

Зелените пазари важат за места каде на дневно ниво минуваат голем број на граѓани и каде секогаш можат да се купат најсвежите овошја, зеленчук, но и уште многу други нешта. Иако супермаркетите и големата промена на стилот на живот низ годинати ги сменија навиките на скопјани, се уште има голем број на жители, особено кои практикуваат барем еднаш или два пати неделно со својата торба да испазарат на некој од скопските пазари.

На фотографијата може да се види еден од најпознатите и најголемите скопски пазари кој е на територија на општина Чаир, познатиот Бит пазар, како изгледал дел од пазарот и неговата околина пред речиси 50 години.

- Ред се чекаше, тука се пазарело секој ден. Во пекарата на аголот сечеа и по половина, но и по осминка леб, се сеќаваат нашите нешто повозрасни сограѓани.

Денеска сликата е многу поразлична. Пазарот е распространет и по околните тротоари, „диви“ тезги има во огромен број, а ред речиси и воопшто да нема...