Скопје повторно загадено

Воздухот во Скопје и вчера беше алармантно загаден. Мерните станици за квалитет на воздухот покажаа дека измерените концентрации на опасните честички се неколку пати дозволениот минимум.

Скопје речиси секој ден се наоѓа во листата на 10 најзагадени градови во светот, а високиот степен на загадување ги наполни болниците со пациенти кои имаат проблеми со дишењето.

Загадувањето во Лисиче беше 265 mg/m3 ПМ-10 честички што е пет пати над дозволеното, Во Гази Баба загаденоста изнесуваше 170 mg/m3, додека во Карпош нивото на ПМ-10 честички беше 168 mg/m3 што е три пати над дозволената граница.

Ситуацијата со загадениот воздух повеќе од четири месеци е алармантна. Болниците се полни со пациенти со респираторни проблеми, а особено најпогодени од загадениот воздух се дечињата кои ја наполнија Детската клиника за белодробни заболувања.