Скопје постер фестивал за криза на идентитетот

Од 21-ви до 30-ти овој месец во Музејот на Град Скопје ќе се одржи деветото издание на интернационалниот Скопје постер фестивал.

Организаторот „Плакарт“ го организира овој фестивал посветен главно на студентите по графички дизајн и визуелни комуникации, како и за професионални уметници и дизајнери. Годинешната тема на фестивалот ќе биде „Криза на идентитетот“, а идејата е да се претставата дизајни кои ќе се противат на половата, националната, религиска или било каква друга подвоеност. 

На конкурсот за учество, покрај домашните, апликација имаа испратено преку 1 500 млади дизајнери од светот. За победниците ќе одлучува стручно интернационално жири. Победниците ќе бидат прогласени на отворањето на изложбата која ќе трае 9 дена.