Скопје полно пикавци - Природата не е пепелник!

Природата не е пепелник! Пушачите очигледно не бираат простор каде ќе го фрлат отпушокот сметајќи дека тоа е мал смет, но кога ќе се соберат повеќе несовесни пушачи на едно место, тоа се претвора во мини депонија со пикавци. 

-Пикавци има насекаде, по паркови, покрај клупи за седење, на тротоари, на автобуски постојки, на детски игралишта..., коментираат скопјани, а има и такви кои велат дека потребно е да се забрани пуштење по улици. 

Активистите од „Не биди ѓубре“ пред неколку дена собраа цела вреќа со пикавци. 

-Реколта во отсуство на систем! - напиша иронично актерката и еко-активистика Ирена Ристиќ споделувајќи фотографија од акцијата.