Скопје под K-POP еуфорија: Поради огромен интерес се проширува капацитетот за K-POP FOREVER!

K-POP еуфоријата во Скопје влегува во нова фаза. Експлозивниот интерес за K-POP FOREVER за рекордно кратко време го редефинира форматот на настанот, поради што организаторите официјално ги пуштаат во продажба и билетите за горните трибини во арената „Борис Трајковски“.

Овој потег е јасна потврда за динамиката што ја создаде шоуто уште пред да пристигне на македонска сцена. Настан кој ја носи автентичната естетика, прецизната сценска продукција и енергијата по кои K-POP спектаклите се препознатливи.

Интересот не стивнува, побарувачката расте, а очекувањата се насочени кон целосно исполнета арена и атмосфера што ќе го запечати 28 февруари 2026 како еден од најмоќните и највпечатливи музички датуми што Скопје ги памети.

K-POP FOREVER! е визуелно и музичко патување низ најиконичните моменти на корејската сцена. Публиката ќе ужива во live интерпретации на хитовите што ги поставија BTS на врвот на светската поп-култура, моќната женска енергија инспирирана од BLACKPINK, експлозивните кореографии на TWICE, романтичните мелодии на MELOMANCE, како и заразната поп-експлозија на HUNTR/X и SAJA BOYS.

Шоуто е дизајнирано како енергичен, инклузивен и семеен формат што ги обединува сите генерации. Создадено специјално за најголемите арени, шоуто носи LED екрани со ултра висока резолуција, моќни визуелни и специјални ефекти, динамично осветлување и интернационален тим танчери и изведувачи кои ја пресоздаваат естетиката и сценската магија на корејските суперѕвезди.

Секој визуелен и музички сегмент е осмислен да ја пренесе автентичната K-POP енергија што го освои светот.

На 28 февруари Скопје ќе пулсира во ритамот на најголемиот K-POP спектакл што некогаш се одржал во Македонија.

Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5723