Скопје остана без уште една градска легенда: Почина сопственикот на слаткарницата „Апче“

Скопје остана без уште една градска легенда. Утрово почина сопственикот на најпознатата и најстара слаткарница во Скопје „Апче“. Најблиските и пријателите се простуваат од него.

Пренесуваме дел од пораките на социјалните мрежи:

- Со длабока БОЛКА И ЖАЛ ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот пред се татко ,дедо и газда на СЛАТКАРНИЦА АПЧЕ со големо срце денес за жал почина погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во село Јаловјане - Тетово во 13 часот со почит од персоналот на СЛАТКАРНИЦА АПЧЕ ПРЕД СЕ ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НАШИОТ ГАЗДА НЕ Е ПОЧИНАТ ОД КОРОНА ВИРУС!!

- Со голема тага ја примив веста за оваа прерана загуба за нашиот пријател бате-Ељам и газда на слаткарница „Апче“. Загубивме голем човек во срцето. Неговите хумани дела кон секој еден ќе ги паметиме сите, учевме сите како треба да се биде хуман.

- Бате - Ељам ќе останеш да живееш во нашите срца голем човеку.

- Во име на мојата фамилија изразувам искрено и длабоко сочувство на фамилијата Кадри Бате - Ељам