
Утрово скопјани се разбудија со снежни прекривки во некои од повисоките делови од градот. Падна првиот снег на Водно!
Според информации од граѓаните, снег има и на повисоките места во околината на Скопје што гравитираат кон општините Бутел и Чучер Сандево.
На социјалните мрежи веднаш се појавија и фотографии од ранобудниците.
Во изминатите неколку години, ова е најран почеток на снежната сезона во главниот град на државата.
