Скопје никогаш попразно! Администрацијата и учениците останаа дома!

Скопје е празно, поради одржувањето на Самитот на ОБСЕ во „Борис Трајковски“ на кој се присутни голем број странски делегации. 

Затворени улици и булевари, неработен ден за администрацијата и училиштата, јавниот превоз вози по изменет ред...

На социјалните мрежи бројни коментари дека главниот град одамна не бил помирен и попразен како што е претпладнево!

- Само затоа што администрацијата во Скопје доби слободен ден, скопските улици се празни! Не држи вода муабетот дека метежот го прават оние од другите градови што идат в болница во Скопје - здравствениот систем и денеска работи, гласи еден коментар на фејсбук. 

Има и останати иронични забелешки дека кога администрацијата би работела од дома би се нашло решение за сообраќајниот хаос во Скопје. 

- Се шлаам низ центарот на Скопје, од сабајле, жив чоек нема, пет шест коли поминуваат, празно, штама, а не е недела или некој си "празник", ми дојде нешто чудно, која е причината. Ми текна, абе министерски совет па државната администрација денес не работи, демек имаат "слободен ден". Заклучок, што е општо познат, па "90 и кусур%“ од вработените во Скопје, работат во државната администрација, споделува скопјанец.