Скопје не знае дека корозијата на столбовите, сообраќајните знаци и семафорите се чисти и бојадисува, вели твитерџија

Скопје е распаѓа, е впечатокот на бројни жители, но и оние кои доаѓаат во Скопје. Состојбата е очајна особено во централното подрачје. 

Доволно ли се одржува градот? Скопјани се жалат на грдата глетка, а причината е што не се води сметка за тековно одржување или пак граѓаните се некултурни и уништуваат се по ред?

На темава став сводели и еден твитерџија: 

- Само у Скопје искрешени огради на мост и оштетени жардињери на улица, никој никогаш не ги сменил. Скопје не знае дека корозијата на столбовите, сообраќајните знаци и семафорите се чисти и бојадисува. Скопје не знае за одржување фасади на згради кои секојдневно се распаѓаат.