Скопје надмина бројка од 10 илјади активни случаи, Гази Баба со најмногу заразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-570, Куманово-57,  Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3,  Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57451, бројката на оздравени пациенти е 34970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 25228, активни 10130

• Куманово 3541, активни 939

• Дебар 438, активни 87

• Штип 2510, активни 526

• Прилеп 2766, активни 1021

• Тетово 3638, активни 965

• Струга 1334, активни 406

• Велес 1812, активни 711

• Битола 1813, активни 808

• Охрид 1460, активни 597

• Кавадарци 1109, активни 432

• Гостивар 2296, активни 862

• Гевгелија 693, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1598, активни 580

• Крива Паланка 402, активни 120

• Радовиш 407, активни 125

• Крушево 116, активни 70

• Кочани 1187, активни 307

• Пробиштип 336, активни 74

• Демир Хисар 185, активни 83

• Македонски Брод 151, активни 34

• Пехчево 95, активни 25

• Берово 339, активни 92

• Валандово 196, активни 71

• Виница 359, активни 174

• Делчево 415, активни 184 (114 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 148, активни 63

• Свети Николе 770, активни 212

• Кичево 1178, активни 492

• Ресен 424, активни 173

• Неготино 507, активни 289 (56 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 639

• Гази Баба – 1490

• Аеродром -1474

• Карпош – 1186

• Центар – 1173

• Кисела Вода – 1245

• Ѓорче Петров – 874

• Бутел - 584

• Шуто Оризари – 206

• Студеничани – 52

• Сарај – 160

• Арачиново -31

• Илинден – 251

• Сопиште – 66

• Чучер Сандево – 99

• Петровец –128

• Зелениково -83

• Странец – 175

• Нераспределен- 214