Скопје на зајдисонце

Периодот кога заоѓа сонцето во Скопје е период во кој Скопје живее и дише со многу емоции. Во тој временски дел од денот најголемиот дел од пријателите на Скопје го завршуваат својот работен ден и се препуштаат на уживањето што го нуди Скопје. Опуштена атмосфера со убава музика и веќе ефектот на релаксација и одмор, само доаѓа.

Вистински генератор на енергија е атмосферата со која Скопје пулсира во тој дел од денот. Улиците се полни, на паркинзите речиси и да нема место. Плоштадот е преполн со случајни или намерно минувачи.

И, ако преку текот на денот Скопје е градот во кој бирократијата си го остава својот белег, зајдисонцето во Скопје е дефинитивно периодот на емоции, чувства и мистериозно разменување на погледи. Скопје е градот на приказни, интересни теми и муабети.

Секоја град си има своја убавина. Но, Скопје има свој шарм. Скопјани знаат да го препознаат токму тој шарм и преку насмевка да го преточат во една убава урбана приказна за  Скопје. И, речиси да нема скопјанец кој после 8-те часа поминати на работа, да не сака да седне некаде во центарот на градот и со убаво друштво да гледа како Скопје се опростува со сонцето и посакува добровечер на вечерта која следи.

А, вечерта си носи своја приказна. Тогаш Скопје блеснува и наликува на метропола. Не сме до крај убедени, но Skopjeinfo.mk верува дека U2  помислиле и на Скопје кога го создале ова дело:  http://youtu.be/ZhCezZQqxx4.

И на крајот ќе заклучиме: ние скопјаните, дефинитивно го сакаме градот во овој дел од денот. Тоа е нашето Скопје!