Скопје на тркала: Над 3.000 лица на велосипеди, тротинети и ролери (фото)

Илјадници лица на велосипеди, тротинети и ролери, како и родители со колички со бебиња, ги окупираа улиците низ Скопје по повод добро познатата ревијална трка „Вози право, вози здраво“.

Оваа трка, која годинава се одржува по четврти пат, е организирана од Стопанска банка АД – Скопје, со цел да се поттикнат луѓето да ги користат овие транспортни средства кои не загадуваат, туку помагаат во намалување на сообраќајниот метеж и во заштитата на животната средина.

Трката започна од Порта Македонија, а беа пријавени над 3.000 учесници.

Со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за развивање на велосипедска култура.

Целата галерија погледнете ја на Фемина.мк.