Скопје на пари (ГАЛЕРИЈА)

Народната банка на Република Македонија го има ексклузивното право на печатење и издавање на нашата валута.НБРМ постојано издава јубилејни монети, како златен, сребрен, бакарен денар, во апоени од 1, 2, 5, 10, 60 и 100 денари, со што се одбележани важни историски настани и личности. Дали знаете на кои хартиени пари ги има симболите на Скопје?

100 денари од 1996 (позадина)

Локација на денешната тврдина Кале.

Најстарата гравура на Скопје од 1594 година.Изработена од холандскиот графичар Јакобус Хаверин. На гравурата се гледаат тогашните Долни град и Виргинската ливада, додека некои извори сметаат дека оваа е слика од спротивната страна и на неа се гледа реката Серава. Се среќаваме со едно од останатите имиња на градот: Scopia. Оваа слика како и самиот локалитет се уште се истражува, но сигурно е дека ова е можеби најбитната точка на идентитетот на Скопје.

50 денари од 1993 (лице)

Стара Народна банка на Македонија. Плоштад.

Формирана е на 19 октомври 1946 година преку спојување на Македонска стопанска банка со Народна банка – филијала Скопје.
Од почетокот на 1947 г. го носела називот НБ ФНРЈ – Централа за Народна Република Македонија
Сосема уништена во земјотресот од 1963. На нејзина локација, денес има нов објект.

50 денари од 1993 (позадина)

Свети Пантелејмон. Горно Нерези.

Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен (1081 – 1118).
На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата на Комнените.

20 денари од 1993 (лице)

Даут-пашин амам. Стара чаршија.

Амамот е изграден во периодот од 1489 до 1497 година, како завештание на тогашниот везир на Румелија, Даут-паша. 
Објектот тешко настрадал во пожарот од 1689 година и бил препуштин на постепено пропаѓање. Бил обновен во 1948, кога е пренаменет во уметничка галерија.Оштетувања претрпел и со земјотресот во 1963, но набргу бил реновиран и оттогаш повторни работи.Постојат сознанија дека амамот никогаш не бил пуштен во употреба како амам, а како поткрепа за тоа се наведуваат две легенди.

20 денари од 1993 (позадина)

Саат кула. Битпазар.

Кулата била изградена во периодот од 1566 до 1572 година, а часовникот бил донесен од освоениот унгарски град Сигет. Таа била првата саат-кула на територијата на тогашната империја. Се наоѓа северно од, но во склоп на Султан-муратовата џамија.
Нејзиниот долен ѕидан дел, всушност, е остаток од една од четирите кули во составот на бедемите кои го заштитувале манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“. Во палежот на градот и големиот пожар од 1689 година, кулата претрпела голема штета, но сепак останала во првобитниот облик сè до 1904 година, кога по наредба на валијата Хафиз-паша била преуредена и го добила денешниот облик. За време на земјотресот во 1963 г., на саат-кулата ѝ биле нанесени големи штети и притоа бил изгубен часовниот механизам.

50 денари од 1996 (лице)

Св. Пантелејмон

Симбол вграден на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот император Јустин II, што го наследил Јустинијан I (основачот на Јустинијана Прима) во 565-578 г.
Во монетите на Јустин II карактеристичен е аверс на царска двојка, седната на трон и на реверсот голема буква М, опкружена со помали натписи и монограми.Денес е логото на Народната банка на РМ.