Скопје на листата на невообичаени градови кои треба да се посетат во 2019

Еден од најпознатите светски магазани за патување, Kiwi.com објави статија во која дава препорака за осум невообичаени градови кои треба да се посетат во 2019 година. На листата помеѓу препораките се најде и Скопје - главниот град на Република Македонија.

Во својата објава Kiwi вели дека првиот впечаток за Скопје е дека тој не е лош, но е чуден град. Понатаму потенцира дека централната област на градот прептрела одредени промени во рамки на проектот „Скопје 2014“.

Во Скопје се чувствуваш како во филмски сет. Нештата кои се стари се чудно сјајни и се распрскуваат непропрорционално. Многу од архитектите сметаат дека тие не се вклопуваат во градот, вели магазинот во својата објава.

Понатаму додаваат дека градот има свои корени уште во Римската империја, бил главен град на многу империи и претпрел подеми и падови на голем дел од нив. Раскажуваат за византиската и отоманската империја чии остатоци сеуште се гледаат во главниот град.

Навистина е еден од најневообичаените градови во Европа, заклучуваат тие и даваат препорака да се види и посети овој град.

На листата освен Скопје се најдоа и: Матера во Италија, Таипеи во Тајван, Тел Авив во Израел, Филаделфија во САД, Џортаун во Гујана, Нови Сад во Србија и Потоси во Боловија.