Скопје меѓу 60 градови каде ќе настапат „Ил Диво“: На 15 октомври спектакуларното аудио-визуелно шоу

Интернационалната музичка светска атракција, „Ил Диво“, оваа година ќе ги одржи своите незаборавни концерти во 60 избрани градови низ светот, меѓу кои секако е и Скопје.

Концертот е закажан на 15-ти октомври, во „Арена Борис Трајковски“.

Подготовките за овој спектакл се во полн ек, а македонската публика прв пат ќе има можност да биде дел од спектакуларното аудио-визуелно шоу какво што генијалните „Ил Диво“ го приредуваат секаде ширум светот, рушејќи ги концертните рекорди.

Сценскиот проект на оваа турнеја е посебно шоу со досега невидени елемeнти кои вклучуваат восхитувачки ефекти, светло, ласери и визуелизации. За да се функционира совршено, ќе се погрижи тим од 50 професионалци задолжени за продукцијата и за техничката реализација на концертот.

Целиот тим кој работи на комплетната техничка реализација на нивната светска турнеја го подготвува и големиот спектакл во Скопје. Токму тие ќе се погрижат овој концерт да биде доведен до перфекција.

Интересот за овој концерт е огромен во целиот регион, велат организаторите од „Прагма продукција“ а влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на kupikarta.com.