Скопје: Маскирани и со пиштол ограбиле спортска обложувалница

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 20 минути на улицата „Тале Христов“ во Скопје, се одвивала драма во спортска обложувалница, сопственост на А.Ф.

Како што информираат од полицијата, две непознати маскирани и вооружени лица извршиле разбојништво. откако со закана со пиштол од двајца вработени одзеле засега неутврдена сума на пари, по што избегале.

Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.