Скопје ќе го слави Боуви!

По успешниот настап и одличните реакции на публиката, кон трибјут бендот за (Depeche Mode) - Sneakers, кој се одржа оваа година во Скопје на 16 февруари во малата сала на ВИП Арената - Борис Трајковски, овој пат, одиме чекор понатаму и со задоволсство ви го најавуваме концертот на Mr. Ziggy And The GlassSpiders, трибјут бендот за легендарниот (David Bowie), кој ќе се одржи на 31 март, сабота, во малата сала на ВИП Арената - Борис Трајковски. 

Вратите ќе бидат отворени уште во 20 часот кога ќе се проектира документарниот филм за Дејвид Боуви, а концертот ќе почне во 21 часот.

Бендот постои од 1991 г. и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 г. се наградени како „Најдобар трибјут бенд во Рим“. Mr. Ziggy And The Glass Spiders изведуваат песни од различни периоди од богатиот опус на Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика како што го ословуваат тие,големиот Дејвид Боуви

На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши - домашни музички артисти кои заедно со Mr. Ziggy And The GlassSpiders ќе ги отпејат безвременските дуети на Дејвид Боуви кои ги отпеја заедно со, Queen, Tina Turner и Mick Jagger. Нумерите: Undre Pressure, Tonight и Dancing in the Street.

Влезниците се пуштени во претпродажба по цена од 350 денари. Од 19 март, понеделник, цената на влезниците ќе чини 400 денри, а на самиот ден на концертот на вратата на малата сала на ВИП Арената влезниците ќе чинат 500 денари.

Влезниците може да се најдат во Југотон, во (ГТЦ) и продажната мрежа на Тикет плус, како и онлајн на: ticketplus.mk и jugoton.mk. 

Концертот ќе биде поставен по сите светски стандарди што се однесува до изгледот и дизајнот на сцената, осветлувањето, звукот и визуелните ефекти.