Скопје ќе го допре небото: Четирите згради во Аеродром нема да бидат највисоки облакодери

Во урбанистичките планови на градот можат да се најдат десетина маркички за згради меѓу 12 и 62 ката.

Па така четирите згради на Џеваир во Аеродром нема да бидат највисоки кули во градот.

Идејата за изградба на облакодери на паркинг просторот спроти хотелот „Холидеј Ин“  повторно се актуелизираше пред неколку години.

Турскиот инвеститор „Окан Јатарм“ сакаше да гради седум висококатници на оваа атрактивна локација во строгиот центар на Скопје.

Самото градежно земјиште се наоѓа во мешовита сопственост, дел од парцелите се во државна сопственост, додека преостанатите локации ги поседуваат приватни лица. Од друга страна, идејата на турскиот инвеститор не завршуваше тука, па така тој би сакал да добие во своја сопственост и дел од земјиштето во Ново маало.

Водено на местото на Скопски саем ќе се изгради голем трговски центар и повеќе деловно-станбени објекти. Во тек е и зградбата на грандиозен комплекс и тунел кај трговскиот центар Рамстор.