Скопје ќе добие уште еден карузел

Главниот град ќе добие уште еден карузел, сличен на оној кој е веќе во функција на плоштадот Македонија. Јавното Претпријатие „Паркови и зеленило“ го набави истиот, како дел од проектот „Скопје 2014“, па сега се чека на фирмата „Технометал Вардар“ да го испорача. 

Вртелешката се очекува да биде испорачана најдоцна до април 2017. Истиот ќе биде поставен на плоштадот „Филип Втори“ и со него, како и со претходно поставениот, ќе стопанисува ЈП „Паркови и зеленило“. На тендерот за набавка, според документацијата објавена од Бирото за јавни набавки, учествувале две компнии. Цената на карузелот не е позната, додека оној поставен во 2013-та година го чинеше градот 163 илјади  евра.